Don't Miss
Home / Вести / Почна проектот за изградба на Спа центар во хотел Молика

Почна проектот за изградба на Спа центар во хотел Молика

ЕСМ Молика ја започна постапката за изградба на Спа центар во Хотел Молика. Санирана е целокупната застарена водоводна инсталација и инфраструктура од зафатот во Ротинска река до резервоарите за вода и системот за дозирање со резидуален хлор, како и базенот во кој се влива оваа вода, во непосредна близина на хотелот. Тоа е предуслов за изградба на Спа центарот кој значително ќе го зголеми квалитетот на понудата на Хотел Молика.

Паралелно со овие зафати, ЕСМ Молика работи на обезбедување на потребната документација од надлежните државни институции и од Општина Битола за почеток на градежните работи. Покрај Спа центар во кој гостите ќе се рекреираат и ќе уживаат, предвидена е изградба и на фитнес сала со поглед на моликовата шума.

Управниот одбор на Државните електрани даде зелено светло за предлог – финансиската конструкција за изградба на Спа центар во Хотел Молика, меѓудругото, и заради одлично завршените реконструктивни зафати во Хотелот Молика кои беа изведени за првпат после 30 години откако објектот е изграден, а кои наидоа на исклучително позитивни реакции во битолската и македонската јавност. Исто така, за првпат откако постои, Хотел Молика минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат, што внесува дополнителна доверба во АД ЕСМ дека и изградбата на Спа центарот во Хотелот Молика ќе биде реализирана според планот кој друштвото го зацрта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*