Home / Македонија / Почнува чествувањето на Велигден – денеска е Велики четврток

Почнува чествувањето на Велигден – денеска е Велики четврток

Започнаа подготовките за големиот христијански празник Велигден. Денеска е Велики Четврток. Црквата на овој ден споменува за тајната вечера и предавањето на синот божји.Во храмовите верниците се молат за прошка. Ова е и последната недела од големите пости.

Симбол на Велигден се црвените јајца. Од рано изутрина домаќинките вапцуваат три јајца. Црвеното јајце во христијанството е симбол на воскресението Христово.

Формата го претставува гробот на Христос, а црвената боја ја означува крвта на синот божји.

Православните христијански верници в недела ќе го прослават најголемиот празник Велигден, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*