.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Почнува фестивалот „Битола отворен град”

Почнува фестивалот „Битола отворен град”

Култниот сараевски рок бенд „Забрањено пушење” и македонските реге предводници „Конкеринг лајон“ се главните звезди на фестивалот „Битола Отворен град 2017” кој ќе се одржи од 27 до 30 јуни во Битола, во организација на Младинскиот културен центар-Битола. Ова беше соопштено на денешната прес конференција во МКЦ.

За време на одржувањето на овој фестивал, публиката ќе има можност да го проследи настапот на двете групи под отворено небо на Широк сокак в среда на 28 јуни, со почеток во 21 часот во рамките на главниот музички хепенинг на фестивалот.

Најпрво ќе настапат членовите на групата „Забрањено пушење”, кои премиерно доаѓаат во Битола, со што публиката ќе ужива во енергијата на бендот, кој во моментов се подготвува за настап на најголемиот регионален фестивал, новосадскиот „Егзит” на 8 јули.

Пред публиката во Битола ќе настапи и македонскиот реге бенд „Конкеринг лајон“ кој годинава одбележува една деценија успешно егзистирање на музичката сцена, при што стекнаа голема популарност и низ Европа.

Дел од фестивалот „Битола отворен град 2017” е и јавната дискусија во МКЦ на тема „Како до квалитетна публика?”. Оваа јавна дискусија ја третира темата на развојот на публика.

На 29 јуни кај Саат кулата во Битола ќе се одржи работилница за модна илустрација, додека во 21.30 часот пред кафе барот „Инстинкт” ќе се одржи Моден перформанс, поддржан од диџеј сет – повеке нијанси на електронска музика и електричен развој со акцент на електроклес. Програмата на овој ден е авторство на мултимедијалниата артистка, модна дизајнерка и продуцентка Мелани Дигит.

Во рамките на фестивалот „Битола отворен град” на 30 јуни кај Саат кулата во Битола ке настапат прогресив и рок метал бендот „Спектрум“ и „Грагозлс“. Сите настани на фестивалот „Битола отворен град 2017” се отворени и бесплатни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*