.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Поламат Самидар од Тајланд најдобар учесник на битолскиот Монмартр

Поламат Самидар од Тајланд најдобар учесник на битолскиот Монмартр

 

Денеска претпладне, со  свеченото доделување на наградите и прогласување на најдобрите учесници,  беше спуштена завесата на годинашното 36-то по ред издание на  „Малиот битолски Монмартр”.
Меѓународното стручно  жири на ликовни педагози,  за најдобар учесник на  Колонијата го прогласи  малиот  Поламат Самидар од Тајланд, а посебни награди добија и учесниците од Хонгконг за ликовна колекција.
Означувајќи го крајот на Колонијата, која според него беше една од најуспешните досега, идејниот творец на Малиот битолски Монмартр, Коста Хаџиантоновски истака:

-Заврши другарувањето на децата од целиот свет. Дојдоа со желба да се запознаат меѓу себе, но и со битолските занаетчии и други граѓани. Овој настан е уште една промоција на Битола во светот, но и на Охрид и на Вевчани каде што децата престојуваа и сликаа со своите четки и бои – рече меѓудругото Коста Хаџиантоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј” – Битола.
На крајот на Колонијата,  Здружението на занаетчиите од Битола додели два златни крста. Златните крстови на  битолските занаетчии ги добија  Всевопод Романков од Москва и Там Це Чинг од Хонгконг.

Инаку на годинашната колонија учествуваа над стотина млади ликовни уметници од 14 земји во светот, кои 7 дена  сликаа на тема старата архитектура на Битола.

Во рамките на ликовниот караван учесниците на Колонијата еден ден сликаа во Охрид и Вевчани.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*