Home / Uncategorized / Полицајка туѓ телефон присвоила за себе

Полицајка туѓ телефон присвоила за себе

Секторот за внатрешни работи од Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против полициска службеничка, вработена во полициска станица – Битола за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавената во својство на полициски службеник во месец април  годинава од страна на граѓанин од Битола добила пронајден мобилен телефон, кој  и` бил неа  предаден. Откако го примила мобилниот телефон, полицајката  наместо да го пријави во регистарот за пронајдени и изгубени предмети и истиот да го заведе  во дневникот за дневни настани, таа го присвоила за себе, со што сторила кривично дело несовесно работење во службата.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*