Home / Македонија / Помогнете му на Жарко во неговата борба против ракот!

Помогнете му на Жарко во неговата борба против ракот!

Жарко има 23 години. Пред 8 месеци неочекувано го загуби видот на левото око. После еден лекарски преглед му беше дијагностиран параназален рак. Итно беше направена критична операција, со која за среќа се отсрани поголемиот дел од туморот. Оттогаш тој е на постојана терапија, а минатата недела му беше кажано дека ќе има потреба од уште една критична операција на главата.

Потребна е итна операција која чини 8.000 американски долари и додатни финансиски средства за после терапијата, кои тој и неговото семејство ги немаат. За жал, овој вид операција на рак не е покриен од здравственото осигурување. Целта е да се соберат 8.000 американски долари, но секако би било уште подобро ако се собери нешто повеќе.

Се разбира дека не секој може да помогне со парични средства, но затоа има и други начини! Ве молиме споделете ја нашава приказна на Facebook, Twitter, праќајте електронска пошта, писма и молете се за Жарко!

Отворете го вашето срце и да му помогнеме на Жарко во неговата борба против ракот!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!