Don't Miss
Home / Култура / Предновогодишен концерт на класична музика во Новаци

Предновогодишен концерт на класична музика во Новаци

Викендов во концертната сала во Општина Новаци во организација на Културно- иновативниот клуб Новаци  и под покровителство на градоначалникот на  Општина Новаци, Лазар Котевски се одржа предновогодишен концерт од класична музика на кој ни се претстави младиот пијанист Иван Трајковски исклучително талентиран млад човек во полето на музичката уметност, студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Марија Ѓошевска.
Добитник е на повеќе први, втори, и специјални награди на национални и меѓународни натпревари.
Градоначалникот Котевски истакна дека овие концерти се новост во  општината Новаци.
-Со нив  се обидуваме да  воведеме еден нова и несекојдневна музичка уметност која сакаме да го доближиме до нашите сограѓани- истакна градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*