Home / Вести / Прекината потрагата по удавеното момче во Претор

Прекината потрагата по удавеното момче во Претор

                  

           Потрагата по  16-годишното момче од Ресен, кое вчера доцна поладнето, околу 18 часот  се удави во  Преспанското езеро по над 20 часа упорно барање е прекината.

Специјалните полициски сили составени од нуркачи доцна попладенво ја прекинаа потрагата поради немање на кислород во кислородните боци и тие се повлекоа од езерото.

На Преспанското езеро останаа само најблиските на удавеото момче кои скршени од болка за изгубеното дете не можат да с епомират со тешката судбина која ги снајде како и неуспешната потрага по нивното дете.       

 Иако потрагата по малолетното момче од Ресен, почна од вчера, речиси веднаш откако тоа не се појави на површината, а во истата  покрај полициските сили, и нуркачи,  до раните утрински часови се вклучија и жители од Преспа  момчето сеуште не е најдено.

-Буквално цела ноќ ние баравме околу местото каде што сметаме дека се  исчезна момчето. Подоцна во потрагата се вклучија и  нуркачи од  Ресен, Охрид и Битола но за жал без успех.

Инаку речиси по едно деноноќие од изчезнувањето на младото 16 годишно момче од Ресен многу прашања остануваат без одговор.

Особено иритира сознанието дека  децата се возеле на педалинка без притоа да имаат врз себе елеци за спасување.

Потоа како можи на плажата во Претор да нема  нема  специјално обучени спасувачи и плажата да не биде обележана до каде капачите можат да се оддалечуваат од  брегот на плажата.

Засега останува отворено прашањето кога ќе продолжи потрагата по удавеното момче, кое веќе едно деноноќие се наоѓа во матните води на Преспанското езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!