Don't Miss
Home / Uncategorized / Преку 20 Могилчани “изгореа“ од садањето тутун “вирџинија“

Преку 20 Могилчани “изгореа“ од садањето тутун “вирџинија“

Над 20 семејства настрадаа во акцијата на надлежните инспекциски служби на Министерството за земјоделство, по извршената контрола на нивите на кои се одгледуваше крупнолисен тутун од типот “вирџинија“.

Според ивори на порталот на Битолски весник, во Могила некои семејства претрпеле штета и од над 20 илјади евра.

По обвинувањата на СДСМ, дека во Могила на црно се одгледува крупнолесен тутун “вирџинија“, полицијата придружувана од инспекциските служби изврши рација во оваа општина и го искорна засадениот тутун.
Извори на порталот на Битолски весник, тврдат дека во Могила не се садело тутун “вирџинија“ само на нивата на екс-градоначалникот, Славко Велевски, туку и на други парцели во времето кога овој тип тутун бил дозволен за садање, голем број Могилчани инвестирале во производството на ваков тип тутун.

Купиле машини, и изградиле сушари. Тутунот бил добро платен и се продавал уште од нивните. По неговата забрана за производство, Могилчани продолжиле со негово садење и го продавале на црно на познати купци од Косово.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*