Home / Uncategorized / СВР Битола во кампања “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“

СВР Битола во кампања “Почитувај ги правилата, почитувај го животот“

СВР-Битола во соработка со средношколци од градот, денеска ја почна кампањата за безбедност во сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот”.

На денешниот промотивен настан во Битола, инспекторот за превенција во сообраќајот Дејан Цветановски посочи дека владината кампања ќе се спроведува на целата територија на секторот за внатрешни работи и притоа на сите возачи ќе им бидат доделени летоци преку кои се појаснуваат целите на кампањата.

– Оваа кампања е посветена на носењето на сигурносни појаси, што значи целна група се сите возачи на сите патишта. Употребата на сигурносен појас е задолжителна за сите патници во автомобилот, и на предните и на задните седишта, а казната за не носење на сигурносен појас изнесува 20 евра во денарска против вредност, појасни Цветановски.

Сигурносниот појас во автомобилот е најефикасна заштита од повреди при сообраќајна незгода, информираа од СВР-Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*