Home / Македонија / Премиерот Груевски:Најлошото сеуште не е поминато

Премиерот Груевски:Најлошото сеуште не е поминато

За време на посетата на Новаци, премиерот Никола Груевски, откако се информираше за состојбите со поплавите во Новаци,по седницата на Кризниот штаб, меѓу другото изјави дека иако моментно нема врнежи во Пелагонија, а врнежи не се очекуваат и во наредните денови, сепак најлошто сеуште не поминато.

Тој изарази задоволство од благовремената реакција на Кризниот штаб на Новаци и локалното население, кое навреме презело мерки за заштита од надојдените води и затоа штетите по населението и куќите се помали.
Според Груевски клучен момент за заштита на селото Новаци од поплавите било пресекувањето на региналниот пат Битола – Новаци, со што се намалил притисокот на водите, кои се закануваа даги поплавата куќите во селото Новаци.
Тој изрази задоволство што нема човечки жртви од поплавите, и што во голема мера се спасени и куќите.
Според премиерот  Груевски најголемите штети од поплавите на Пелагонија ќе ги претрпи земјоделието.
Колку ќе изнесуваат тие ќе се знае откако ќе се повлечат водите и откако ќе се види подоцна кои земјоделски култури ќе вегетираат, а кои ќе бидат уништени.
Притоа Груевски истакна дека Владата ќе им помогне  на земјоделците во санирањето на штетите, но тој уште еднаш упати апел до земјоделците да ги осигуруваат земјоделските површини од поплави за што Владата кај осигурителните компании субвенционира дури 60 отсто од износите за осигурување.
-Мислам дека по овие поплави земјоделците ќе сфатат дека треба да ги осигуруваат своите земјоделски површини, за што Владата нуди финансиска помош, нагласи Груевски.
По оваа изјава премиерот Никола Груевски имаше средба со земјоделците од Новаци чиј лидер е Вељо Тантаров, а подоцна тој ќе замини во посета на Могила.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*