Home / Градска хроника / Проектот за пречистителната станица во завршна фаза

Проектот за пречистителната станица во завршна фаза

Долго очекуваниот проект за изградба на пречистителната станица во Битола е при крај. Имено овој проект кој се изработува во изминатите 3 години е во завршна фаза.

Ова го тврди првиот човек на ЈП “ Нискоградба “ Методи Силјановски.

-Проектот за пречистителната станица за Битола трае околу 3 години и во моментот е  во завршна фаза.Деновиве  со писмо до нас се обратија од Европската делегација, дека очекуваат од нас да бидат усвоени тарифите на Регулатарна комисија за да може да  стартува проектот со распишување на тендерската документација, вели директорот на ЈП “ Нискоградба”, Методи Силјановски, кој притоа додадава дека бенефитот од  изградбата на пречистителната станица ќе  биде огромен.

-Со години наназад имаме проблем со загадувањето на водите на петти канал и загадување на реката Драгор. Со овој проект комплетно ќе се прифатат сите отпадни води на  Битола. Петти канал ќе биде чист канал, од каде водата граѓаните ќе можат да ја користат  за наводнување на своите земјоделски површини, а исто така, загадувањето на реката Драгор ќе се сведе на минимум , со што ќе се намали загадувањето на Црна река, каде најголем причинител за загадувањето е реката Драгор, вели  Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба” од Битола.

Инаку за изградба на  пречистителната станица во Битола  обезбедена е вкупната финансиска конструкција во износ од  28,7 милиони евра. Најголемиот дел од средствата, или   85 отсто  се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.

Неодамна за реализацијата на овој проект градоначалничката Наташа Петровска,  оствари работен состанок со претставници од Министерството за животна средина и координаторот на ИПА проектот за изградба на пречистителната станица и колекторскиот ситем во Битола.

На состанокот беше констатирано дека Општина Битола, во последните неколку месеци, забрзано ги исполни своите обврски, со што проектот „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем”, ќе почне со реализација.

За реализација на истиот, заедно со Министерството за животна средина и Европската делегација, требаше да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и да започнат активностите.

Согласно предвидената проектна динамика, општина Битола до крајот на 2020 година, или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*