Don't Miss
Home / Вести / Противпожарната зграда влегува во финална фаза

Противпожарната зграда влегува во финална фаза

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид на градежните активности на противпожарната зграда чија изградба влегува во финална фаза, а воедно во изјава за медиумите ги истакна и поголемите проекти кои се во тек на реализација.

Во оваа прилика би сакал да ја информирам јавноста за неколку активности кои ги спроведува локалната самоуправа. Територјалната противпожарна единица добива нов објект кои е во финална фаза на изградба, на парцела од 3300м2, со корисна површина од 1600 м2, со ова Битола добива нов објект кои градот го заслужува со оглед на тоа дека територијалната противпожарна единица ги опфаќа општините,Битола, Ресен, Могила, Новаци и Демир Хисар.

Зборуваме за еден од најстарите објекти на Балканот, првата територијална единица од 1836 година. Во моментот се прават преградните ѕидови пред затворање до карабина, исто така во изработка е челична конструкција над која ќе се изработи кровната конструкција, а со тоа предвидено е до Нова Година објектот да биде затворен-информираше градоначалникот Тони Коњановски.

Тој додаде дека подолго време се во преговори со Министерството за надворешни, Министерството за одбрана на САД, кои го разгледаа проектот, се презадоволни и имаат желба да помогнат во дооформувањето на објектот, во делот на опремувањето итн.

Во текот на идната година Битола, битолчани и поширокиот регион ќе добијат нова противпожарна единица. Сакам да ја искористам приликата и да ве информирам за активностите кои во моментов се одвиваат на територијата на општина Битола, се работи на повеќе локации, а ќе напоменам само неколку од нив : ул. „Стив Наумов“, „Никола Тесла“, „Солунска“, исто така се работи и во руралните средини во с.Цапари. Се работи во Буковска населба на асфалтирање на дел од улиците и 10тина улици во Горно Оризари со должина од над 2км.-додаде градоначалникот Коњановски.

Пред неколку денови започна изградбата на памп трака која ќе биде нова атракција за младите и љубителите на велосипедизмот.

Интензивно се работи и на домот „Копанки“ кој е во фаза пред покривање, а се работи и ул.„8 септември“, чија реализација ќе овозможи булеварски влез и проект кои битолчани го бараат повеќе од 30 години. Улицата „Бурса“, нашата нова обиколница е веќе во трета фаза на асфалтирање. Се работи и на неколку детски градинки, во АРМ објектот е веќе затворен и во тек е тендер за доопремување, некогашниот Мајчин дом каде на дел од објектот се врши преадаптација на градинка со капацитет од 70 деца и е во завршна фаза-посочи битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Тој додаде дека денес ќе присуствува на Координативен состанок во Владата на Република Македонија во присуство на Премиерот д-р Христијан Мицкоски и Министерот за животна средина и Вицепремиер Изет Меџити, се работи за „ Проект подобрување на водоводната инфраструктура на локалните самоуправи“, а Општина Битола аплицираше со преку 10 проекти за изградба на водоводна инфраструктура, а за тоа се предвидени 1.068.000 евра, сето ова ќе има големо значење за граѓаните на Битола и голема поддршка во делот на инфраструктурата и изградбата на водоводните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*