Home / Вести / Реновирана спортската сала во ОУ “Св. Климент Охридски”

Реновирана спортската сала во ОУ “Св. Климент Охридски”

Водени од девизата дека општествената одговорност е инвестиција, а не трошок, РЕК “Битола”  и Општината Битола финансиски помогнаа  повеќе зафати што ја подобрија наставата по физичко,  во ОУ “Св. Климент Охридски” во Битола, на задоволство  на учениците.

Реконструктивни зафати беа изведени во спортската сала, соблекувалните и санитарниот јазол, со што се подобрија условите за учениците за наставата по физичко. 

-Во рамките на нашите надлежности како Подружница на АД ЕЛЕМ, се трудиме колку што можеме повеќе да помагаме во образованието, здравството, културата и во спортот. Со оглед на фактот дека РЕК се наоѓа во Битола, јас лично заеднички до мојот менаџмент ќе се залагаме во иднина со далеку повеќе средства и донации да им помагаме на институциите и на поединци. Како РЕК “Битола” сме  помагале и понатаму ќе помагаме бидејќи РЕК  е еден од столбовите на економијата и сметам дека уште повеќе можеме да му помогнеме на нашето општество. Здрава и образована нација значи здраво општество и токму затоа е и нашата заложба секаде да помагаме- истакна директорот на РЕК “Битола” Васко Ковачевски.

Најмногу  зафати се направија со спортската сала. Општината Битола се вклучи во санитарниот дел, РЕК “Битола” ги уреди соблекувалните, Советот на родители го помогна поставувањето  на вратите во соблекувалните. А воедно, Рударско енергетскиот комбинат Битола инвестираше во осветлувањето на спортската сала на училиштето. 

-Сите заедно направивме потег што генерално ги подобри условите за одржување на наставата по физичко  во ова основно училиште. Со ова покажуваме дека уште повеќе треба да вложуваме во младите кои се нашата иднина- истакна градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Инаку,  основното училиште “Св. Климент Охридски” во Битола важи за едно од најголемите училишта во градот, во кое настава посетуваат  956 ученици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!