Home / Вести / Ротаракт Широк Сокак успешно реализираше хумана акција за социјалните случаи

Ротаракт Широк Сокак успешно реализираше хумана акција за социјалните случаи

Ротаракт Широк Сокак од Битола успешно ја реализира акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’ .  Целокупната количина на нерасиплива храна која што со ваша помош успеавме да ја собереме заврши во вистински раце.

Акцијата се одвиваше во текот на месец декември,2018 година додека тимот на Ротаракт Клуб Широк Сокак заедно со граѓанското здружение ‘’Утешител ‘’ одлучи да ја донира овај викенд  откако беа завршени сите подготовки. Успеавме да направиме 60 новогодишни пакетчиња, и 60 пакети разновидна храна согласно потребите на семејствата и истите ги доставивме до нивните домови.

Им  благодариме на сите кои несебично донираа и  со тоа допринесоа заедно да ги стоплиме нивните срца и да внесиме радост во нивните души во овие студени денови. Исто така голема благодарност сакаме да изразиме и до Млекара Здравје, Радово која донираше 1.500 литри јогурт,  благодарност  до  Веро, Тинекс и Ангро маркетите, што ни овозможија да пристапиме на терен и да Ви ја презентираме нашата идеја.

Без  Вас и нивната  доверба и хуманост и без нашата упорност  и истрајност проектот немаше да  успее.  Ние како клуб сме горди што ја разбудивме емпатијата во секој од Вас и покажавме дека заедно можеме повеќе.

Пораката е јасна, социјалната правда е основен концепт за мирен и просперитетен соживот за сите нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!