Home / Uncategorized / Рускоска ја заврши истрагата зе “ Рекет “ без да ги сослуша Боки 13 и Катица

Рускоска ја заврши истрагата зе “ Рекет “ без да ги сослуша Боки 13 и Катица

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица.

Како што соопшти Обвинителството, од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Воедно, обвинителството укажува дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите. Во текот на утрешниот ден е повикано третоосомниченото лице, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка – се додава во соопштението.

Денеска Бојан Јовановски, познат како Боки 13, одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска бидејќи не му биле презентирани доказите прибавени од Обвинителството.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин Богородица при обид за бегство поради сомненине за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.Од страна на судот му беше одреден триесетдневен притвор, кој потоа му беше продолжен. Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Утре на распит ќе биде донесена ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!