Home / Градска хроника / Сашо Стаматов и официјално нов директор во ЈП “Пазари “

Сашо Стаматов и официјално нов директор во ЈП “Пазари “

Сашо Стаматов и официјално е нов директор на јавното претпријатие “Пазари“- Битола. Сашо Стаматов на функцијата директор на ЈП “ Пазари “ доаѓа на местото на сега веќе екс-директорот Благој Дивитаров.
Од повеќето кандидати, кои конкурирале за челната позиција во ЈП “Пазари “ градоначалникот д-р Владимир Талески се определи довербата да му ја укаже на Сашо Стаматов.

Сашо Стаматов е роден 1983 година. Тој е дипломиран биолог, кој дипломирал на Биотехнолошките науки.
Тој на функцијата директор на ЈП “ Пазари “ доаѓа од приватниот сектор.

Претходно работел во фирмите “ Подравка“ Скопје, “Идеал Шипка” и “ Сокотаб“ Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*