Home / Политика / СДСМ:Во акцијата на МВР настрадаа невини земјоделци од Могила

СДСМ:Во акцијата на МВР настрадаа невини земјоделци од Могила

Во врска со акцијата на МВР против “тутунопроиводителите” кои одгледуваа тутун тип “вирџинија” на црно во Могила, денеска со реакција се јави потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

-Наместо борба со организираниот криминал со тутун и цигари, МВР ги казни невините земјоделци од село Могила. Наместо соочување со вистинските криминалци кои прават огромен профит на грбот на могилчани, МВР се впушти во панична акција во која за жал настрадаа чесни земјоделци на кои им беше одземен тутунот. СДСМ остро се спротивставува на решавање на скандалозниот случај, со грубото одземање на тутунот од чесни тутунари,кои биле наведени на противзаконско одгледување тутун- обвини на пресот, Кирацовски.

Од СДСМ бараат  Владата на Република Македонија итно да најде начин да ги обештети земјоделците од Могила кои според нив наивно влегле во незаконско производство на тутунот “Вирџинија” и сега се оставени на цедило и прогласени за виновни од истата таа власт.

-СДСМ бара веднаш, да се најде организаторот кој ги намамил земјоделците од Могила противзаконски да садат од тутунот “Вирџинија” и истиот да сноси одговорност. СДСМ бара институциите веднаш да откријат дали и кој се е вмешан во веројатниот организиранкриминал со тутун и цигари- побара Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!