Home / Uncategorized / Се зголемува бројот на училиштата кои штрајкуваат во Битола

Се зголемува бројот на училиштата кои штрајкуваат во Битола

Кога се мислеше дека Битола ќе биде еден од градовите каде просветните работници  во најголем број ќе го игнорираат штрајкот на СОНК, денеска уште две училишта стапија во штрајк.
По Гимназијата “Јосип Броз Тито”, кoи oд вчера им се придружи на штрајкувачите, денеска во штрајк официјално стапи и Економското училиште “ Јане Сандански”.
Со тоа се зголеми бројот на училиштата кои  го подржаа повикот за штрајк на СОНК во Битола.

Така сега се штрајкува во основното училиште “Даме Груев”, средното техничко училиште “Ѓорги Наумов”, Гимназијата “Јосип Броз Тито”, средното земјоделско училиште, “ Кузман Шапкарев” , Гимназијата “ Таки Даскало”, Музичкото училиште,основното  училиште “Елпида Караманди”.

Во сите овие училишта еден дел од наставниот кадар штрајкува, а еден дел се против штрајкот.

Инаку во писмото што професорите на „ Гимназијата „Јосип Броз Тито” од Битола, кои стапија во генерален штрајк од вчера го испратија до јавноста меѓу другото се вели дека тие стапиле официјално во генерален штрајк затоа што  дојде време кога просветниот работник треба да биде слушнат.

-Ние сме учители во чии раце е судбината на најсветото човеково битие: детето. Ни ја одзедоа можноста да образоваме и да воспитуваме, не маргинализираа, зашто се знае: целта на екстерното тестирање е да направи од нас уплашени индивидуи кои ќе се тресат да не бидат казнети со еден никаков, дидактички, метриски, инструментално, когнитивно и како уште не, депласиран и декласиран тест. А згора на тоа, ако се направи двапати по ред отстапување во „светото” оценување, учителот го губи работното место” стои во нивната реакција.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*