Don't Miss
Home / Спорт / Сеуште ништо од (купо)продажбата на РК Пелистер

Сеуште ништо од (купо)продажбата на РК Пелистер

И покрај тоа што изминаа неколку месеци и првенството во Супер ракометната лига се ближи кон крајот сеуште нема ништо од (купо)продажбата на РК Пелистер.

Пред само извесно време беше речено дека околу (купо)продажбата на РК Пелистер се е готово и дека единствено преостанува да се направи книговодствено порамнување, сепак засега нема ништо од потпишувањето на Договорот, помеѓу општината Битола и раководството на Еурофарм Работник.

Навистина зачудува ваквиот однос на две страни околу судбината на РК Пелистер, кој во првенството веќе игра епизодна улога.

Уште повке што пред извесно време на една прес конференција беше речено дека долговите на РК Пелистер се минимални и не се никаков проблем да ги плати општината.

Кои с еигрите што се играат окоу Пелистер засега никој не знае.

Но зачудува ваквиот однос спрема клубот кој има 65 годипшна традиција.

(Купо)продажбата на РК Пелистер се претвори во Шпанска серија, која никој не знае кога ќе заврши.

Ваквите игри се рефлектираја на резултатите на клубот, кој ги изгуби речиси сите шанси да се пласира во плеј офот, што е голем неуспех за клубот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*