Home / Вести / Шампањ од амбасадорот Тимоние за јубилејот

Шампањ од амбасадорот Тимоние за јубилејот

                           

          По повод јубилејот 55 години од излегувањето на првиот број, до редакцијата на Битолски весник пристигнаа голем број честитки.

           Големиот јубилеј ни го честитаа Здружението на новинарите на Македонија, кое на Битолски весник му додели златна плакета, која на директорот Менде Младеновски му ја врачи регионалниот координатор Жанета Здравковска.

          По повод јубилејот честитки до Редакцијата испратија д-р проф. Томе Груевски,  од Асоцијацијата на печатените медиуми, потоа Стопанкста комора на Македонија и претседателот Бранко Азевски, кој на редакцијата му подари уметничка слика.

          Јубилејот на Битолски весник на невообичаен начин му го честита амбасадорот на Франција во Република Македонија, неговата екселенција Кристијан Тимоние, кој на директорот на Битолски весник, Менде Младеновски му подари француски шампањ, а на директорот Младеновски на свечената академија  невообичаен подарок му подари и карикатуристот Панде Петровски, кој специјално за оваа прилика му изработи  портрет карикатура, со ликот на Менде Младеновски.

          Честитки за јубилејот, 55 години од излегувањето на првиот број пристигнаа и од голем број наши читатели од Европските и прекуокеанските држави: Германија, Норвешка, САД, Канада, Австралија…

          Битолски весник им се заблагодарува на сите кои ни го честитаа јубилејот со ветување дека Весникот и натаму ќе ја испишува историјата на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!