Home / Вести / Синот на Сорос советник на Заев?!

Синот на Сорос советник на Заев?!

Откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека премиерот Зоран Заев имал тајна средба со Александар Сорос, од Влада велат дека средбата не била тајна, туку премиерот се консултирал со Сорос за „Малиот Шенген“.

По ова, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Александар Сорос му е нов советник на Заев.

-Што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос? Образложението на Владата дека разговарале за малиот шенген со Србија и Албанија е несериозно. Дали тоа значи дека Александар Сорос е нов советник на Зоран Заев? Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни зделки, изигрување на демократијата во одредени земји. Зоран Заев очигледно е дека преку своите конекции повторно сака да креира атмосфера пред изборите и за време на кампањата каде ќе може полесно да се обиде да ја украде волјата на граѓаните и сега за тоа ја бара поддршката од неговите сомнителни партнери кои вложија милиони за да го инсталираат на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!