Home / Вести / СН Осигурителен Брокер АД Битола ја исплати годишната камата од 6% на имателите на корпоративна обврзница

СН Осигурителен Брокер АД Битола ја исплати годишната камата од 6% на имателите на корпоративна обврзница

СН Осигурителен Брокер АД Битола им исплати камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница на СН Осигурителен Брокер со ИСИН код MKSNOB200014 и шифра на тргување SNBTO .


Каматата исплатена во текот на денешниот ден (1.03.2024) е втора по ред, додека првата исплата беше реализирана на 1 март 2023 година.

Право на камата имаат лицата регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – емисија на издавачот СН Осигурителен Брокер АД Битола во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје .


За илустрација, секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер, со добивањето на каматата остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата.

Ова е највисоката камата не само од корпоративна обврзница, туку споредено и со други финансиски инструменти, бидејќи истиот износ средства вложен во класичен банкарски депозит односно орочен штеден влог во денари или евра, носи помал принос.


СН Осигурителен Брокер АД Битола е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.


Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период.

Каматата се пресметува и се исплаќа во денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*