Home / Вести / Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање

Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање

Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање.

Делницата кон кружниот тек на Дулие е во завршна фаза, а на потегот кон реката Драгор се поставуваат ивичници, по што следува асфалтирање и враќање во првобитна положба.

Изградбата на овој крак од топловодот потоа продолжува по улицата Иван Милутиновиќ и ќе заврши пред Црн мост. На него во првата фаза ќе бидат приклучени сите државни и општински институции од овој дел на градот: општината, судовите, полицијата, Гимназијата Јосип Броз Тито…

Паралелно со ова, продолжуваат градежните работи и на кракот кој ќе носи топлинска енергија по улицата Партизанска. Во моментов, градежните работи на овој крак се одвиваат во близина на ОУ Коле Канински. Во завршна фаза се и подготовките за преминување на топловодот под реката Драгор, кај железниот мост.

Тоа е уште еден многу специфичен зафат на кој работат стручните лица од фирмата изведувач. Веруваме дека и овој потфат ќе биде изведен професионално, брзо и ефикасно, како што беа изведени преминувањата на топловодот под Црна река, под регионалниот пат кон Новаци и под железничката пруга.

Изградбата на топловодот во Битола е капитална инвестиција каква што немало во градот откако се изградија Стрежево и РЕК Битола и ќе обезбеди поефтино греење најпрвин за институциите во локална и државна надлежност, а потоа и за граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*