СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б. и В.Б., на 42 и 39-годишна возраст, двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Во февруари минатата година година пријавените во два наврати го довеле во заблуда 56-годишниот И.П. од Битола дека наводно им се потребни пари за лекување на нивната малолетна ќерка.
На тој начин на оштетениот му предизвикале материјална штета од 900.000 денари.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
