Home / Вести / Спасовски:За функционерите минимална плата

Спасовски:За функционерите минимална плата

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека како никогаш досега светот ја доживеа најголемата закана после втората светска војна и сите се соочени со фатални последици по нивното здравје.

„Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротиставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инекција за да се соочуваат повеќе работни места – истакна Спасовски.

Донесен е втор сет економски мерки,

  1. Се предвидува финансиска поддршка за приватниот сектор. Предмет на оваа финансиска поддршка за април и мај, во износ од 14.500 денари месечно по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Истиот број на вработени да се задржат заклучно со септември 2020 година. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските куќи.
  2. Помош на спортистите. Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари
  3. Помош за уметниците, за 141 ќе биде обезбедена минимална плата.
  4. Месечна плата за граѓаните што останале без работа во висина од 50 проценти од месечната нето плата за последните 6 месеци, а за тие што останале без работа во кризата 24 месеци.
  5. Сите избрани и именувани функционери ќе имаат минимална плата од 14.500 на државно и локално ниво.
  6. Претседателите, членовите на управни и надзорни одбори од извршната и локалната власт и претседателите на советите нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата.
  7. Надомест од 7.000 денари за лица кои се дел од неформалната економија.
  8. Се запира законот за извршување до јуни, 2020 година.
  9. Одложување на кредитите на банките во рок од шест месеци.
  10. Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва.
  11. Да се одложи плаќањето на закуп на корисници за плаќањето на социјалните станови. Додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука за плаќањето на кириите.
  12. Дополнителни бескаматни кредити од дополнителни 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија во зависност од бројот на вработени.
  13. 50 милиони евра кредити од развојните банки.
  14. Се забранува отворање на стечајна постапка за време на криза и шест месеци после тоа.
  15. Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор заклучно со 31 мај.
  16. Формирање на солидарен Ковид19 фонд.
  17. Намалување на авторските хонорари од страна на државните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!