Во спортската сала „ Младост “ во Битола, се одржа традиоцалната крводарителска акција на спортистите заедно со вработените во локалната самоуправа.
-Ова е првата крводарителска акција на спортистите во оваа година, а како знаеме се организираат по две секоја година. Преку оваа акција спортистите ја искажуваат хуманоста која ја поседуваат сите спортисти – изјави Гордана Цветковска-Бошевска, одговорна за спорт во Општина Битола.
Во името на спортистите оваа акција ја поздравија ракометарите Стефан Дрогришки, Игор Николовски и фудбалерот Игор Пашовски, кои повикаа во идниот период на ваквите акции да учествуваат поголем број на спортисти.
Во акцијата беа собрани околу четириесеттина крвни единици.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите

