Home / Uncategorized / Стартува културното лето Новаци 2018

Стартува културното лето Новаци 2018

Вечерва во Новаци стартува 6-тото издание  „Културно забавно лето Новаци 2018“.

Свеченото отварање е  со музички концерт на Анета и група Молика.

Годинашното културно лето ке биде одбележано со  16 културни настани кои ќе се одржат на повеќе локации во општина Новаци.

-Во наредните два месеци општина Новаци ќе биде центар на многу културни збиднувања кои ќе ги задоволат вкусовите и најпребирливите љубители на најразлични жарнови од различните културни дејности. Оваа година ќе понудиме богата културно уметничка програма со различна тематика, етно фолклор, хумористично театарски претстави итн. Програмата се подготвуваше во дослух со граѓаните. Планирани се повеќе од 15 културни настани со изведба на различни локации на цела територија на општина Новаци, како во Градешница, Живојно, Далбеговци итн, рече градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

„Културното забавно лето Новаци 2018“ го организира општината во соработка со Здружението за мода „Пикси “, студио Новаци.

-Ова лето Новаци ќе биде центар на многу збиднувања.Ние се потрудивме заедно со општината да направиме едно богато забавно културно лето. Започнуваме вечерва со најдобрите Анета и група „Молика“, на 8 јули во дворот на општината ќе има хумористична претстава насловена „ Лабуд и Фамилијата Марковски“, во изведба на Солза и смеа, . На 5 август во селата Добромири и Далбеговци ќе се одржат „Пелагонсиски културно-уметнички средби“, а на 10 август во с.Живојно концерт ќе одржи Татијана Лазаревска „За мојот роден крај“, рече Благоја Стојановски, организатор од модното студио „Пикси“ од Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*