Home / Uncategorized / Стопанска Банка а.д. Битола подари новогодишни пакетчиња

Стопанска Банка а.д. Битола подари новогодишни пакетчиња

И оваа година по повод новогодишните празници, членовите на Управниот Одбор, г-ѓа Балтовска и г-ѓа Несторовска во име на Стопанска Банка а.д.Битола, подарија новогодишни пакетчиња на децата во Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња во О.У Ѓорги Сугарев и во Домот за деца без родители во Битола.

Во О.У Ѓорги Сугарев, покрај учениците од редовна настава, се школуваат и 35 ученици со пречки во интелектуалниот развој, во посебни паралелки од 1во до 9то одделение.

Здружението Сумнал работи со ромската популација, организира и изведува образовни и општествени активности кои им помагаат на учениците со слаб успех во училиште и со мала свесност за важноста на образованието.

Децата кои го посетуваат овој дневен центар во Битола, потекнуваат од социјално загрозани и дисфункционални семејства.

Стопанска Банка а.д Битола им посакува на овие и на сите деца во Македонија, среќни празници и безгрижно детство.

Насмевката на најмилите е најважното нешто во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*