Don't Miss
Home / Градска хроника / СВР-Битола со зачестени сообраќајни контроли

СВР-Битола со зачестени сообраќајни контроли

СВР-Битола во измината недела изврши сообраќајна контрола на 3.019 возила и при тоа констатирани се 568 прекршоци, информираат од Секторот за односи со јавност на СВР-Битола.

Најголем дел од сообраќајните прекршоци во 119 случаи има пречекорување на дозволената брзина, во 70 случаи затекнати се возачи кои управувале возило без возачка дозвола, а во 39 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите.

Од СВР-Битола посочуваат дека регистрале 37 технички неисправни возила, 49 нерегистрирани или со измината важност на сообраќајната дозвола, а во 65 сообраќајни контроли, возачите не користеле сигурносен појас.

Возачите од Битола и понатаму не се одвикнуваат да возат автомобил и истовремено да зборуваат со својот мобилен телефон и притоа ваков прекршок е констатиран во 8 случаеви, посочуваат од СВР-Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*