Don't Miss
Home / Вести / Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола претставени во Хрватска и Словенија

Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола претставени во Хрватска и Словенија

       

        Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, проследени  со онлајн обуки и вебинари деновиве беа претставени во Словенија и Хрватска.

Експертите од НУ Завод и Музеј Битола учеа од најдобрите и воедно го споделија своето искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.

-Цел на овие гостувања беше промоција на нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите.

Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија беше заокружено со работилници во Марибор и Загреб, во насока на одбележувањена 18ти мај, Меѓународниот ден на музеите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*