Home / Uncategorized / Централниот комитет ја отфрли оставката на Груевски

Централниот комитет ја отфрли оставката на Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет, но членовите кои гласале јавно, не прифатиле да се оди на Конгрес за избор на нов лидер. Само триесетина членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“ оставката на Никола Груевски и одржување на вонреден Конгрес, додека другите биле против, односно се изјасниле дека не се согласуваат со неговата оставка, дознава А1он.

Од 130 членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ присутни биле 112, а по ваквиот исход била предложена пауза за да може правни експерти да протолкуваат како да се постапува натаму, со оглед дека одлуките биле против одржување на Конгрес и против оставка на Никола Груевски од челната позиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*