Home / Свет / Ципрас:Грција веќе нема да штеди

Ципрас:Грција веќе нема да штеди

Алексис Ципрас, лидерот на грчката крајно левичарска партија Сириза по вчерашната изборна победа објави дека неговата земја го остава зад себе катастрофалното штедење.

Сириза доби околу 36 насто од гласовите, пред конзервативците на премиерот Самарас кои освоија 28 насто.

Ципрас вети дека ќе стави крај на петгодишното понижување и болка на кои била присилена Грција поради меѓународниот план за спасување од банкрот во 2010 година.

-Пресудата на нашиот народ значи дека тројката е завршена работа“, изјави Ципрас, мислејќи на грчките главни кредитори, Европската унија, ММФ и Европската централна банка.

Тој ова го изјави пред неговите приврзаници откако резултатите од предвремените парламентарни избори покажаа дека Сириза добила околу 36 насто од гласовите, пред конзервативците на премиерот Андонис Самарас кои освоија 28 насто.

Сириза по се изгледа ќе има 149 од 300 места во грчкиот парламент, само две помалку од потребните за да може самата да формира влада.

Сепак, Ципрас како да ја омекна неговата претходна реторика и сега наместо заканите за „кинење“ на финансиските договори со тројката изјави дека ќе работи со меѓународните кредитори за остварлив договор околу отплатата на долгот.

Ципрас сака повторно да преговара за долгот од 318 милијарди евра и најави крај на непопуларните остри мерки за штедење кои се поврзани со меѓународниот спасувачки план.

Невработеноста во Грција е околу 25 насто, а економијата е во рецесија од почетокот на кризата во еврозоната во 2008 година.

Премиерот во заминување Андонис Самарас му честиташе на Ципрас за победата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*