Home / Колумни / Црвен килим за Груевски

Црвен килим за Груевски

Црвениот ќилим, кој пред локалните избори беше синоним за филмските фестивали, кај нас доби политичка димензија.

Додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски  во името на “партијата” јавно објави дека не ги признава резултатите од локалните избори и побара нов “Пржински пленум”  како и  распишување на нови предвремени парламентарни избори, најголемиот број од неговите градоначалници, кои доживеја (не)очекуван тежок пораз, не само што ги признаа резултатите од, според Груевски “ Африканските избори “ , туку своите наследници ги пречекаа  постелувајќи им црвени теписи.

На тој начин тие не само што го признаа дебаклот, туку покажаа многу поголем демократски капацитет од нивниот лидер, кој не само што не ги призна изборите, туку сеуште мисли дека штотуку завршените локални избори не биле регуларни.

Изборите кои за најголемиот број  учесници на истите, за набљудувачите, за ОБСЕ, за дипломатите… кои имаат свои преставници во Македонија се регуларни, а само за Никола Груевски не се регуларни и не треба да се признаат.

Иако се  обиде, но со ништо не ги поткрепи  таквите свои тврдења, Груевски кој живее во свој сон и натаму смета дека локалните избори биле нерегуларни и криминални.

За разлика од најголемиот број градоначалници и советници, кои собраа сили и го признаа поразот, Никола Груевски и натаму смета дека СДСМ не победила на локалните избори и дека се случила изборна кражба.

Во изминатите денови ВМРО ДПМНЕ делува како раштимован оркестар. Додека лидерот на партијата Никола Груевски и некои негови локални координатори во изминатите денови со дрвја и камења фрлаа на наводната  нерегуларност на изборите, партискиот  инженеринг, криминалните избори, поткуп на гласачите, за што наводно  биле потрошени 20 милиони евра црни пари, обиди за убиства, заплашувања, тепачки, уцени, закани… најголемиот број градоначалници мирно и без никакви приговори ја предадоа власта и си заминаа од градоначалничките функции.

Партијата која важеше за партија во која владее железна дисциплина, организирана по војничка хиерархија, во последно време е буквално раштимована.

Секој, во зависност од тоа на која функција се наоѓа,  си има своја приказна за резултатите од изборите.

Но тоа што посебно загрижува и зачудува е што никој во партијата, која брои стотици илјади членови, не собра храброст да му ја каже востината на нивниот лидер в очи и да го посоветува ако не сака да  ја признае победата на СДСМ, тогаш барем да го признане поразот на ВМРО ДПМНЕ и да си даде оставка на лидерската позиција.

Познавајќи го ликот и каракетрот на Груевски,мислам дека  тој нема никогаш да го признае поразот, како што не го призна поразот кога по декемвриските избори не усепа да состави влада и замина во опозиција.

Груевски, кој целло време се поистоветува со ликот на Големиот Александар и натаму мисли дека е победник и дека треба да биде на чело на државата, која според него само тој и никој друг може да ја води.

Иако пред да излезе во јавноста и да ни соопшти кој чекор ќе го повлече, тој рече дека му е потребна сеопфатна анализа за изборните резултати, сепак од тоа што досега тој го кажа, повеќе од јасно е дека човекот кој не го познава зборот самокритика  и по анализата  што ќе ја направи ќе се обиде да го манипулира членството и јавноста дека тој не загубил на изборите, ниту пак дека Заев победил.

По анализата можеме да бидеме сведоци на некој нов негов партиски   Проглас,  Манифест или Патоказ, преку кој ќе се обрати до членството и ќе побара тоа да ги збие своите редови за новите избори кој според него наскоро  треба да се одржат.

За разлика од членството кое  во најголем број ја сфати пораката од народот, Никола Груевски сеуште мисли дека народот него го сака и дека тој ја има поддршката од него.

Тој никако не може да разбере дека не само што нему народот веќе одамна не му верува, туку во последно време не му верува(ше) ни членството, кое мораше  да ги слуша неговите директиви и наредби да ги полни салите и плоштадите со скапо платените  “бесплатни” автобуски превози за да се добива впечаток колку е тој омилен лидер.

Јас не знам зошто Груевски купува време за неговото абдицирање од власта, или правење анализи. Тој од лидерската позиција  требаше да си замине не по завршувањето на првиот круг на локалните избори, туку истиот момент кога Заев ја испука првата “бомба”, преку која тој ја запозна македонската и меѓународната јавност за начинот на неговото владеење.

Тогаш тој требаше и мораше да си замине, ако не за начинот на кој тој владееше, особено во последните години, туку пред се заради тоа што дозволи во МВРО, на чие чело беше Гордана Јанкуловска и неговиот прв братучет Сашо Мијалков странските, или домашните безбедносни служби, да ја работаат Македонија како бавча и да не гледаат и слушаат секој од нас што прави или што  мисли.

Доколку тоа го направеше тогаш, последиците од политичката криза ќе беа многу помали, не само по неговата партија ВМРО ДПМНЕ туку и општо за народот.

Во својот мандат Груевски  имаше уште  безброј прилики да се повлече, но не собра сили за тоа. Најпрво на 24 декември кога  се носеше буџетот и кога со полиција ги исфрли пратениците од Собранието, потоа за 27  април, кога  насилници влегоаа во парламентот да се пресметаат со сегашното мнозинство, а кои ја имаа неговата, не само поддршка, туку и логистика, за неконтролираното арчење народни пари за се и сешто, за партизираноста на државата, во која кариера правеа само аминџии и негови  партиски послушници, за расфрлањето народни пари за мегафоните на власат…и уште безброј други прични па и за пиреазот на градонажлниците кои беа лично негов избор, а не избор на членството.

Затоа мојот совет до Груевски е да ја запре анализата која ја прави за резултатите од изборите, туку да им сугерира на своите послушници да му посталат и нему  црвен тепих од Белата куќа на ВМРО ДПМНЕ и да си замине од лидерската позиција, малку да одмори и на рает  во некој од  становите на неговата мајка, да си прави анализа како владееше сите изминати години и зошто доживеа толку тежок пораз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*