Home / Македонија / Црвен крст со танц на младите ќе ги промовира хуманите вредности

Црвен крст со танц на младите ќе ги промовира хуманите вредности

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата.

Ова година во рамките на одбележувањето на недела на “Промоција на хумани вредности“   ќе се организира заедничко танцување, познато како флеш моб. За таа цел подготвена е кореографија на песната ” Happy” (Среќен) од Фарел Вилијамс од страна на професионален танчер. Младите веќе неколку недели се подготвуваат во своите клубови во кои членуваат младите од различни етникуми кои преку овој настан се запознавaат и се зближуваат.
Настанот во целата држава ќе се оддржи на 27 септември со почеток во 12 часот на плоштадите во секој град каде има канцеларија на Црвен крст.
Преку танцувањето младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме, велат од Црвен крст.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*