Home / Економија / Турски инвеститор ќе гради фабрика во “Жабени“

Турски инвеститор ќе гради фабрика во “Жабени“

Градоначалникот  на Битола Владимир  Талески денеска најави дека во индустриската зона  “Жабени“  ќе инвестира нов странски инвеститор.

Станува збор за турска инвестиција која ќе гради фабрика за производство на земјоделски алатки, со кои денеска се потпиша договор.

-Денеска во Битола дојде сопственикот на Челманк, човекот кој што планира инвестиција во Индустриската зона “Жабени“  и практично ја потврдивме заедничката соработка со што ние ќе помогнеме во делот на планската документација, а тој се разбира во иднина треба да го направи проектот за својата фабрика бидејќи човекот купи три парцели, заинтересиран е и за четврта парцела со што значи дека Општина Битола преку Советот ќе си ги преземи активностите за спојување на парцелите, му кажавме колку време ќе трае. Мислам дека ги направивме првите конкретни, вистински чекори. Инвестицијата како што бевме информирани изнесува околу три милиони евра, така што очекуваме ако се биде во ред и во планираниот рок, градбата да започне оваа година. Значи, се работи за една интересна инвестиција која што ќе има повеќе вработувања. Се работи за фабрика која што ќе произведува земјоделски алатки. Тие и сега тоа го имаат, го прават во Турција, меѓутоа преку наши фирми, конкретно битолски фирми, веќе се занимаваат со трговија и тие алатки се многу потребни на земјоделците со тоа што практично сега одлучија да пренесат фабрика, да дојдат овде да отворат фабрика за производство на таквите алатки кои што се навистина многу потребни во земјоделието – рече на средбата  со новинарите градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*