Home / Македонија / Уапсен трикратниот убиец од Кавадарци

Уапсен трикратниот убиец од Кавадарци

Тони Станоев, осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци, претпладнево е фатен на гробиштата во градот, дознава МКД од сведоци на настанот.
Се претпоставува дека Тони утрово ја чекал сопругата Даниела на закажаниот погреб на неговите жртви за да ја реализира неговата примарна цел – нејзино убиство.
Најверојатно се работеле за добро организирана стапица од страна на полицијата, за лажно закажан погреб врз основа на претпоставката дека Тони нема да се откаже од неговата првична цел да ја убие неговата сопруга со која водел бракоразводна постапка.
Во неделата зетот Тони ги убил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга, која во тоа време не била дома.
Полицијата повеќе детали најавува за попладнево.

 

Извор: мкд

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*