Home / Uncategorized / Вечерва СДСМ одлучува кој ке го замени Заев на премиерската функција

Вечерва СДСМ одлучува кој ке го замени Заев на премиерската функција

Дали да се остане во коалиција со ДУИ или на само 4 месеци пред изборите да се стави крај на соработката со интегративците ќе биде главна тема на координацијата на партиското раководство која Заев ја закажа за денеска. Ваквиот епилог следи по серијата несогласувања меѓу коалиционите партнери поврзани пред се со изборниот законик.

Меѓу темите кои се очекува да ги отвори партискиот врв ќе биде и кадровскиот состав на новата техничка влада. И додека во СДСМ официјално велат дека наследникот на Заев и останатите дополнителни министри ќе ги изберат партиските тела, извори од Бихаќка велат дека позицијата на Спасовски во премиерската фотелја на Заев е сигурна.

Во случај СДСМ да се реши да стави крај на соработката со ДУИ, се поставува прашањето, како ќе изгледа распоредот на силите во Собранието и каков ќе биде составот на мнозинството кое по Нова Година ќе ја избере владата задолжена за спроведување на изборите.

Кој таму ќе ја претставува опозицијата во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе решат пред крајот на годината. Од партијата додаваат дека на следните избори подготвуваат програма која ќе има донесе 61 пратеник во Собранието испраќајќи порака дека по изборите во 2016 за нив веќе не важи принципот на коалиција на победник со победник.

Согласно Законот за Влада премиерот Заев на 3 јануари си поднесува оставка а на истиот ден Собранието треба да ја избере Владата задолжена за спроведување на изборите. Собранието треба да се распушти на 11 февруари 60 дена пред изборите закажани за 12 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*