Home / Uncategorized / Весна Шеровска добитник на наградата за новинарство на Битолски весник “Тоде Петрески “

Весна Шеровска добитник на наградата за новинарство на Битолски весник “Тоде Петрески “

         

          Добитник на годинашната награда за новинарство на Битолски весник, “Тоде  Петрески”,  за 2019 год. која редакцијата на Битолски весник веќе 15 години по ред посмртно ја доделува во чест на починатиот новинар и дописник од Битола, на Радио Скопје, Тоде Петрески  е новнарката на ТВ “ Тера “ Весна Шеровска.

Весна Шеровска е  родена 1980 година во Битола.

          Таа иако по образование не е новинар, сепак цели 18 години без прекин работи во новинарството.

Нејзина најголема љубов е  телевизијата.

         Телевизиската магија, како што вели  од малите екрани се пренела кај неа. И баш скриениот талент, кој таа уште од мали нозе го поседувала, се појавил во време кога требало да ја избери нејзината професија.

        Весна Шеровска во својата  18 годишна ноинарска кариера работела за локалната телевизија ТВ “ Орбис” која веке една година не зрачи и  ТВ “Тера” .

На Весна Шеровска наградата свечено ќе и биде врачена четврток на 30 мај, на денот на смртта на Тоде Петрески во присуство на членовите на неговото семејство и колегите новинари  во 12 часот во Националната и Универзитетска библиотека во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!