Home / Uncategorized / Весниците да вработат дописници

Весниците да вработат дописници

На Собранието на печатените медиуми што се одржа во Скопје на препорака на ЗНМ беше едногласно одлучено сите (дневни )весници кои ќе добијат субвенции од државата да вработат дописиници од внатрешноста.

Ваквата одлука ја прифатија сите сопственици и директори на весниците, членки на Асоцијацаијата.

Воедно на Собранието на печатените медиуми на кои присуствуваше и Битолски весник беше одлучено од средствата кои ќе ги добијат печатените медиуми да извдојта по 5 отсто за покривање на трошоците на Асоцијацијата и за солидарен фонд.

Членовите на Асоцијацијата беа против оваа година да му се доделат субвенции на дневниот весник Независен, кој пред извесно време престана да излеува.

На Собранието беше одлучено во иднина печатените медиуми да доделувата награда за новинарство во печатените медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!