Don't Miss
Home / Вести / Весник за секое битолско семејство

Весник за секое битолско семејство

                           

          Весна Шеровска, новинарка на ТВ Тера,  во честитката за јубилејот на Битолски весник вели:

-Периодот кога Битолски весник се појави, беше различен од овој денешниот и во тоа време беше голем предизвик да се биде медиум. Со текот на годините тој почна да навлегува во секое домакинство во градот, во секое претпријатија, инститцуија, компанија. Но, Битолски весник не остана само во границите на Битола, туку тој стана весник читан и во другите градови во Македонија, како и пошироко, на секој континет каде што има Македонци.

      Турболентните времиња ја менуваа и медумската слика, иако се приклучија и други медиуми во тој простор, сепак пазарната конкуренција, професионалните стандарди, истрајноста и битката на пазарот, се случи природно филтрирање на медиумскиот простор, па се отвораа и затвораа медиуми, а Битолски весник е еден од ретките кој успеа да се задржи до ден денешен кај читателската публика.

        Повеке од  пет децении секоја среда верните читатели го започнуваат денот со Битолски весник в рака. Беше и останува пишан медиум, сведок и хроничар на Битола.

        Новинарството е маратон. Од новинарот се очекува да нема компромис со вистината. Од новинарот се очекува слободно да се изрази, да не е подложен на цензура и автоцензура. Слободното новинарство може да биде добро, или лошо, но без слобода новинарството не може да биде ништо друго освен лошо. Професионалноста разликува добар и лош новинар. Задачата на

новинарот е да ги пренесе веста и вистината, не да ги креира. Е токму

ова, односно одмереното, професионалното и непристрасно известување лишено од сензационализам мислам дека е рецептот за опстојуванје на секој медиум. Еден од тие примери е и Битолски весник.

      Со желби за многу јубилеи, Ви ја честитам 56 годишнината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*