Don't Miss
Home / Вести / Весник кој му пркоси на новите времиња

Весник кој му пркоси на новите времиња

                

Маја Богоевска, новинарка на ТВ Тера за јубилејот на Битолски весник во својата честитка вели:

-Новите „интернет” генерации не го познаваат чувството на свежо испечатен весник кој во себе крие голем број информации. Интимноста која се создава при читањето весник, задлабочувањето, голтањето на секој печатен збор…Внимателно избрани информации, кои од првата до последната страна дозволуваат мирно да ги перцепирате информациите, без она чувство на расплинетост што е карактеристика за интернет порталите, Но, постојат печатени весници кои во напливот на интернет портали и социјални медиуми сепак  успеале да го најдат својот пат и да ја преживеат ИТ бурата која владее во светот.

Еден од нив е и Битолски весник кој веке 56 година пркоси на новите времиња и докажува дека весникарството не може и не смее да изумре. Епитетот „Хроничар на градот” е заслужен – 56 години да се опстојува во медиумскиот простор каде низ годините поминале голем број докажани и реномирани новинарски имиња, да се истрае во борбата секогаш за точна и квалитетна информација, но и приказна, упорно да се гледа иднината и покрај сите потешкотии кои ги носи модерното време. Тоа е основа за усте многу години успешно постоење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*