Don't Miss
Home / Вести / Секогаш на страната на граѓаните

Секогаш на страната на граѓаните

             

Ана Стојанов, новинар за значењето на Битолски весник во честитката вели:

-За Битолски весник битолчани велат дека е сведок и хроничар на Битола, а јас би додала дека овај неделник кој цели 56 години непрекинато излегува е вистински бренд не само на Битола, туку и на Македонија.

Да се опстои 56 години низ сите бури и искушенија, како и бројните проблеми, а притоа секогаш да се биде на страната на фактите и на страната на граѓаните е исклучително голема и одговорна задача, подвиг со кој ретко кој на овие простори може да се гордее. Со своето долгогодишно искуство и знаење предводено од Менде Младеновски, дополнето со младешкиот елан, дух, професионалност и посветеност на Васка Младеновска, воопшто не се сомневам дека Битолски весник и понатаму ќе опстои на самиот врв како објективен, професионален, респектабилен и почитуван медиум.

 Битолски весник нека ви е срекен роденденот. Ви посакувам уште многу години да продолжите да ја испишувате историјата на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*