Don't Miss
Home / Вести / Мојот прв буквар

Мојот прв буквар

                         

                           

Емилија Мисирлиевски, ТВ Телма, за 56 годишниот јубилеј на Битолски весник во честитката пишува:

-Неуморниот хроничар на Битола, нашиот „Битолски весник” кој со години е сведок на настаните во градот, за мене   има огромно лично,  но и колективно значење.

         Со весникот сме речиси врсници, јас сум една година помала од него, па така сме другарувале и сме растеле заедно. Тој е присутен во мојот дом уште од првиот број, па можам слободно да кажам дека е и мојот прв буквар. Најверојатно во „Битолски весник”  се и корените за мојата љубов кон новинарството.

         За колективното значење на ова гласило, кое без прекин излегува 56 години, не треба многу да се зборува. Секој број на „Битолски весник”  има непроценлива вредност за битолчани, тој сам по себе е историја, како од  информативен аспект, така и поради новинарските пера кои се калеле преку него и оставиле непроценливо богатство  во журнализмот,  не само на локална средина, туку многу пошироко.

Нека  ви е честит 56 роденден, негувајте  го брендот во кој свој траен белег оставиле многу значајни личности за Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*