Home / Вести / Пионер на битолското и македонското новинарство

Пионер на битолското и македонското новинарство

                            

Анета Шијакова, новинарка на Гласот на Америка, од Вашингтон по повод јубилејот 56 години на Битолски весник во својата честитка вели:

-„Битолски весник е еден од пионерите на битолското и македонското новинарство. Без ниту еден прекин во печатењето да се опстои цели 56 години, период во кој речиси и да немало добри времиња за медиумите,е доказ за истрајност и флексибилност, доказ дека „Битолски весник” благодарение на менаџерските способности на тимот кој стои зад него, знае да ги реши предизвиците поради кои многу медиуми згаснаа.

        Но, тоа што над половина век „Битолски весник” успешно го задржува вниманието на читателите, често прв ги донесува главните вести на денот и преку виртуозни новинарски стории пренесува како дишат градот, регионот, но и битолчани ширум светот… тоа покажува каков примат има истражувачкото професионално новинарство во овој медиум. Чест ми е што првите чекори во новинарството ги направив токму во „Битолски весник”.

          На сите членови на редакцијата и уредувачкиот тим им посакувам уште многу успеси на медиумската сцена и да едуцираат уште многу нови генерации новинари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*