Home / Вести / Вишото обвинителство ги одби жалбите и побара ефективни казни за случајот “ Транспортер “

Вишото обвинителство ги одби жалбите и побара ефективни казни за случајот “ Транспортер “

                  

          По три дена, денеска во Апелациониот суд во Скопје заврши отворената седница на осудените во случајот со “ бесплатниот “ превоз на учениците на Битола “ Транспортер “.

          Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од    поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски и останатите осудени во предметот “Транспортер“, кој се однесува во врска со организирањето превоз на ученици во Битола и побара условните казни да бидат преиначени во ефективни. ​

Инаку да потстетиме екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески е осуден на осум години затвор за злоупотреба на службената положба,  а секреатрот на општината, Слободан Бончановски доби 6,5 години затвор.

Десет обвинети се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор.

 Вишото јавно обвинителство Скопје смета дека  првостепениот суд правилно ги одмерил досудените казни ефективен затвор на обвинетите лица.

Истовремено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе жалба на донесената пресуда за обвинетите, барајќи од надлежниот суд на лицата на кои им е изречена ефективна казна затвор да им изрече повисоки казни, а на оние обвинети на кои со пресудата им се изречени алтернативни мерки, односно условни осуди, надлежниот суд да им изрече соодветни затворски казни. Воедно, обвинителството со Жалбата му предлага на судот наместо конфискувана имотна корист во износ од 695.611,оо денари од едно од правните лица, да се конфискува имотна корист во износ од 857.637,00 денари.

Сега судбината на обвинетите во случајот “ Транспортер “ е во рацете на Апелациониот суд, кој откако ги разгледа жалбите треба да донесе конечна пресуда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*