Home / Вести / ВМРО најавува жешко лето

ВМРО најавува жешко лето

ВМРО-ДПМНЕ од денес ја почнува акцијата „Лето за Македонија“, изјави Игор Јанушев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека 1.500 тимови на партијата ќе го посетат секој град, секое село, секој еден дом и ќе допрат до секој еден граѓанин.

– Ќе се среќаваме и ќе разговараме, заеднички ќе ги согледуваме предизвиците со кои е соочена Република Македонија и ќе изнајдеме заеднички решенија за проблемите.
Само вие, граѓаните на Република Македонија може да изберете како сакате да живеете. Премногу време е изгубено. Државата не смее да продолжи да стагнира. Агонијата мора да запре. Должни сме на Република Македонија, должни сме на минатите генерации, но имаме обврска кон сегашните и идни генерации да создадеме просперитетна иднина – рече Јанушев.

Според него, само заеднички може да се стави крај на злото наречено СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ е сигурна и просперитетна алтернатива. Ние креираме програма со визија за напредна држава, економски развиена, технолошки модерна и правно стабилна. Тим од експерти работи на новата програма во која ќе се најдат проекти за сите. Ве повикуваме сите вас, граѓаните на Република Македонија да ги дадете вашите идеи и предлози, да ни го кажете вашиот сон за Република Македонија, да го преточиме во програмата. Таа ќе биде нашата обврска бидејќи е време да му ставиме крај на безредието и безнадежноста.
СДСМ мора да си оди. Тагата, чемерот и јадот не смеат да бидат наше секојдневие. Република Македонија ќе победи – вели Јанушев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!