Home / Градска хроника / Во Битола откажан коледарскиот оган

Во Битола откажан коледарскиот оган

По прекинувањето на неколкуте традиционални манифестации кои во изминатите години и ги организираше локалната самоуправа во денеска е прекината уште еден традиционален настан.

Имено,  палењето на традиционалниот коледарски оган на плоштадот “ Гоце Делчев “ во Битола, на кои се собираа голем број битолчани  годинава  за прв пат нема да се одржи.

Според информациите на локалната самоуправа до откажување на палењето на кледарскиот оган дојде поради  големата загаденост на воздухот во Битола.

Со оглед на тоа што  Битола во последно време е во градовите каде воздухот е доста загаден, овој пат локалната самоуправа и градоначалникот на Битола, Владимир Талески одлучија да не го палат традиционалниот коледарски оган.

Дали ваквата препорака ќе ја почитуваат  и граѓаните на Битола  во останатите населби во градот, каде традиционално  на коледе се палат коледарски огнови останува да се види.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!