Home / Вести / Во Србија уште две жртви од коронавирусот

Во Србија уште две жртви од коронавирусот

Во текот на ноќта во Србија починаa уште двајца пациенти кај кои е потврден Ковид-19.

Станува збор за К. С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а претходно страдал од кардиомиопатија, хипертензија, хронично белодробно заболување и дијабетес..

Во вториот случај се работи за жена Б.П.  која била хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш. Таа била на респиратор и под постојана грижа на медицинските тимови.

Според последните информации на српското Министерството за здравство, во Србија се регистрирани вкупно 384 потврдени случаи со Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*