Home / Вести / Во средношколскиот дом “Мирка Гинова “ отворен фитнес центар

Во средношколскиот дом “Мирка Гинова “ отворен фитнес центар

                            

            Под мотото во здраво тело здрав дух и здрав живот,

во соработка со Здружението за македонско – бугарско пријателство – Битола, а со поддршка на Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Битола, неодамна во Државниот училишен дом “Мирка Гинова” -Битола  беше  отворен  фитнес центар.

Фитнес центарот е опремен со најсовремени фитнес справи и реквизити за вежбање и рекреација на корисниците на услугите на Домот.

На отворањето на фитнесс центарот покрај раководтсвото на ДУД # Мирка Гинова #, предводено од директорката Елена  Патче Спасеновска  присуствуваше и генералниот конзул на Р. Бугарија г-дин Николај Димитров.

– Центарот е од големо значење за учениците кои престојуваат во домот. Овој фитнес центар во голема мера ќе придонесе за подобрување на физичката подготвеност на корисниците на Домот и зајакнување на нивниот спорстки дух.

Корисниците на услугите во Домот ќе ги имаат сите услови за спортување и рекреација, бидејќи фитнес центарот  располага со најсовермени справи, со какви располагаат најдобрите фитнес  центри во градот, изјави директорката на Средношколксиот дом Елена Патче Спасеновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*